Во одлично расположение и пријатна атмосфера, на 26 ноември 2018 година, во просториите на ХТЦА – Тренинг центар Академик, свечено им беа доделени сертификати за квалитет во извршување на услугата на 15 учесници, вработени во автомат клубовите APEX, кои успешно ја завршија обуката за послужување.
Обуката во времетраење од три дена, опфати теоретски и практични делови поврзани со понатамошно успешно работење и подигнување на стандардите во послужувањето, комуникацијата и односот со клиентите, а сето тоа во согласност со швајцарските стандарди и методологија.
Честитки од тимот на Вработување и уште многу успеси понатаму!
Тренинг Центарот Академик ви нуди единствена можност да влезете во светот на луксузното угостителство.
Нудат обуки во хотелско-угостителски дејности, обука за лица на управувачки/одлучувачки позиции во угостителството – Train the leaders, обука за сертифицирани мастер обучувачи и консултантски услуги во угостителство.
Добивате професионална обука за кариера со 5 ѕвезди, меѓународен сертификат од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн и можност за пракса кај најреномираните работодавачи во земјава и во регионот.