Патничките автомобили на хибриден погон (комбинација на мотор со внатрешно согорување и електромотор) се ослободени од акциза.
Оние патнички автомобили кои се наменети за реализација на проект финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу Р. Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци се исто така ослободени од акциза при нивниот увоз.
Ослободени од акциза се и патничките автомобили кои се добиени како подарок од странски донатори, а се наменети за државните органи, општините, градот Скопје, општините во градот Скопје и за јавните установи.
Патничките автомобили ослободени од плаќање акциза не смеат да се отуѓат ако за истите не се плати износот на акцизата за кој биле претходно ослободени, стои на официјалната страна на Царинската управа на РМ.
За подетални информации кликнете тука.