Трошоците за живот се најниски во Скопје, каде четиричлено семејство троши во просек по 1.900 евра, а на самец му требаат 555 евра за да преживее. Просечната плата во македонскиот главен град е 640 евра.
Каква е ситуацијата со останатите држави во регионот?
Месечните трошоци за живот на четиричлено семејство во Загреб достигнале 2.667 евра, а за самец 765 евра.
Високата инфлација влијаеше на растот на трошоците за живот низ цела Европа. Во однос на растот на цените, особено на храната, Хрватска ја предводеше еврозоната. Во другите европски земји, кои не го користат еврото, инфлацијата беше уште поголема. Иако платите се зголемија паралелно со растот на цените, во повеќето земји инфлацијата ја загрози куповната моќ и го поткопа животниот стандард.
Треба да се нагласи дека горенаведените податоци за трошоците за живот не ги вклучуваат трошоците за изнајмување стан, што значи дека важат за семејства кои живеат во сопствен имот.
Љубљана најскапа во потесниот регион
Ако ги погледнеме главните градови од потесниот регион (земјите од екс-Ју), најскапо место за живеење е Љубљана. Цените на комуналните услуги и трошоците за изнајмување, се значително повисоки во главниот град на Словенија, за разлика од остантите држави на Балканот. Намирниците купени во продавниците во Љубљана се во просек поскапи за 8,3 отсто, а исто толку чини и храната во рестораните.
Во споредба со Хрватска, жителите на Љубљана имаат околу 17 отсто повеќе плати од жителите на Загреб, словенечкиот животен стандард е сепак малку подобар од хрватскиот. Сепак, можеме да заклучиме дека овој јаз е намален во однос на прединфлациската ера.
Во Белград трошоците за живот се во просек за 13,6 отсто пониски отколку во Загреб. Најголеми разлики се во цените на намирниците и јавниот превоз, бидејќи тие се значително пониски. Но, кога ќе се земат предвид приходите, стандардот на Загреб е значително повисок од оној на Белград, бидејќи просечната плата во главниот град на Србија е речиси половина помала од онаа во хрватската метропола.
Трошоците за живот се најниски во Скопје, каде четиричлено семејство троши во просек по 1.900 евра, а на самец му требаат 555 евра за да преживее. Истовремено, просечната плата во македонскиот главен град е за речиси 60 отсто помала од Загреб.
Будимпешта и Варшава поевтини од Загреб
Во поширокиот регион, од 12-те набљудувани градови, Загреб е шести според трошоците за живот. Според потрошувачките цени е најблиску до Прага, но жителите на чешката метропола имаат подобар стандард поради дваесет проценти повисоки просечни плати.
Од набљудуваните метрополи на Блискиот Исток, Варшава и Будимпешта се поевтини од Загреб. Покрај пониските цени, Полјаците имаат и дваесет проценти повисока плата, што прави дополнителна разлика во животниот стандард во корист на жителите на Варшава. Од друга страна, жителите на унгарската метропола имаат 8,6 отсто помали трошоци од загрепчани, но и нивните плати се за 22 отсто, па на крајот стандардот на Загреб е нешто подобар.
Виена и Берлин водат по трошоци, но и по стандард
Најскап живот е во Виена, каде потрошувачките цени се за една третина повисоки отколку во Загреб. За семејствата кои живеат под кирија, разликата е уште поголема ако се земе предвид дека цената на изнајмувањето во Виена е за околу 50 отсто повисока отколку во Загреб. Но животниот стандард на Виенците сепак е значително подобар бидејќи просечните плати се двојно поголеми.
Слична е ситуацијата и кога Загреб ќе се спореди со Берлин, кој е поскап за 32,4 отсто, но неговите жители имаат просечна плата од 144 отсто повеќе од жителите на Загреб.
И, конечно, еден куриозитет - Загреб ја има најскапата флаширана вода од сите 12 набљудувани градови. Во хрватските продавници шише вода од 1,5 литри во просек чини околу едно евро, додека во другите градови од 0,38 евра (Рим) до 0,76 евра (Љубљана).