Иако многумина веруваат дека “сам свој газда“ е најдобрата опција, ретко кој отворено зборува за оние работи со коишто се соочуваат сопствениците на бизнис.
Може да работите кога сакате
Можеби звучи идеално, сепак не е лесно да имате сопствен бизнис и да се грижите за неговиот раст, особено во вакви кризни услови. Напротив, иако немаат стриктно работно време и не одговараат пред никого, сепак бизнисмените работат и по 100 часа неделно, што е многу повеќе од просекот на еден обичен работник.
Сè што ќе заработите ви останува за вас
Точно е дека бизнисот може да ви донесе поголем прилив на пари, ако работите добро, но прво треба да размислува да ги подмири сите трошоци, па дури потоа и на својата заработка.
Сами си ја определуваат платата
Платата како мерка за вложениот труд и време е мотивација за секој вработен, но ако претприемачот има “власт“ да ја одредува висината, тоа не значи дека за себе може да одвојува астрономски износи. Тие се свесни за потребите на фирмата, за сите трошоци, за вработените…, па затоа се внимателни и својата плата ја ставаат во втор план.