Почетокот на април донесе големи временски осцилации и вистински летни температури, а март и официјално е најтопол досега. Сепак, невообичаено топлото време во овој период отвори низа прашања – ако живата на термометарот покажува триесет степени во април, какви температури може да очекуваме во лето?
Метеоролозите објаснуваат што доведе до температурни рекорди.
Секој месец од јуни 2023 година поставува нов рекорд и го добива епитетот „најжежок“. Март 2024 не е исклучок.
Забележаните температурни рекорди се пред се резултат на активноста на Ел Нињо, глобален феномен кој е активен од средината на претходната година, а тој сега влегува во помирна фаза и пад. Но, во претходните осум до девет месеци имаше интензивна активност.
Тоа укажува дека задоцнетите ефекти на Ел Нињо сепак ќе се почувствуваат низ целата планета во наредните месеци. Друг фактор кој влијаеше на тоа дека во април имаме летни температури е таканаречената северноатлантската осцилација, која го спречи продирањето на студениот воздух.
„Затоа зимата ни беше многу блага, а од друга страна, спречувањето на навлегувањето на студениот воздух овозможува помали процеси кои се континентални, а кои потоа влијаат да имаме прилив на првенствено тропски, односно медитерански воздух“, вели помошник директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) на Србија, Горан Михајловиќ.
Метеорологот наведува дека следната недела не очекува вистинско освежување, со температури кои ќе бидат просечни за овој период од годината, односно за 15 степени пониски од оние кои ги одбележаа претходните денови.
Тоа освежување ќе трае пет до седум дена, а ќе донесе и дожд.
Во последните десет дена од април повторно ќе имаме топло и пријатно време со температури меѓу 20 и 25 степени претежно без врнежи.
Дали во лето ќе имаме температури до 50 степени?
Според некои најави, летово би можеле да се соочиме со температури и до 50 степени.
„Прерано е и можеби премногу сензационално да се зборува за 50 степени, вели Михајловиќ.
Очекуваната прогноза за летната сезона е дека можеме да очекуваме некаде помеѓу 35 и 50 тропски денови – ова се денови со максимална температура над 30 степени.
Генерално, цело лето би имало малку повисока просечна температура, околу два степени во однос на просечната, но врнежите се очекуваат да бидат во рамките на просекот, така што не треба да очекуваме екстремно топло лето“, заклучи Горан Михајловиќ.