Луксембург е прогласена за најбогата земја во светот, а со самото тоа и најпосакувана за живеење.
Луксембург се граничи со Франција, Белгија и Германија, а позната е по даночните олеснувања за големите компании.
Луксембург е мала, но исклучително богата земја која има околу 569.958 жители. Се смета за деветта најмала земја на светот, а политичката ситуација во неа е стабилна.
Државата 19 години ја водел шефот на христијанско-социјалистичката народна партија Жан-Клод Јункер којшто сега е и претседател на Европската комисија.
Луксембург е познат и како последното големо војводство на светот.
Што е тоа што го има Луксембург, а ние го немаме?