Teleperformance, германска компанија и лидер во областа на обезбедување корисничка поддршка и дигитални услуги, продолжува со своето ширење низ Македонија, нудејќи извонредни можности за вработување и бонус за добредојде за секој нов вработен, а потребен е само еден услов за вработување и тоа е познавање на германскиот јазик.
Teleperformance, светски лидер во полето на обезбедување корисничка поддршка со повеќе од 460 канцеларии во 80 земји ширум светот, продолжува со проширување на тимот во Македонија. Компанијата нуди високи стандарди на работа, како и многубројни можности за кариерен развој, а тоа може да го потврдат и над 700 млади луѓе од земјава кои со задоволство им помагаат на илјадници корисници од целиот свет.
Она што ја прави оваа компанија привлечна за голем број вработени е можноста да се работи со најголемите глобални брендови, притоа нудејќи им на вработените натпросечна плата и бонуси, редовни награди и изненадувања за најдобрите перформери, голем број на тимски активности и водење исклучителна грижа во поглед на управување со човечките ресурси и задовоството на вработените.
Потврда за тоа е и Great Place To Work® сертификатот кој трета година по ред го рангира Teleperformance меѓу најпосакуваните работодавачи во светот.
Можност за работа од канцеларија или од дома
Teleperformance на своите вработени им нуди низа поволности по кои значително се разликува од останатите на нашиот пазар. Една од најголемите придобивки е тоа што вработените имаат можност да работат од удобноста на својот дом или од најсовремените канцеларии во центарот на Скопје.
Тоа значи дека на Teleperformace може да му се приклучат кандидати од цела Македонија кои преферираат да работат од дома, а компанијата ќе им ја обезбеди сета потребна опрема за работа.
Нудиме работно место по светски стандарди
Teleperformance нуди работно место по светски стандарди. Тоа значи работа со најсовремена опрема, темелна обука за работа која е платена од првиот ден, приватно здравствено осигурување и безброј можности за напредување и кариера во земјата и во странство.
Описот на работната позиција е агент за корисничка поддршка, одговорен за давање компетентни и услужно ориентирани совети за клиентите на компанијата.
Клучен услов за да станете дел од овој успешен тим е добро познавање на германски јазик. Воедно, ова е можност за понатамошно развивање на вашите комуникациски вештини, што исто така може да ви отвори големи врати за напредување во кариерата.
Биди и ТИ дел од Teleperformance
Сега, компанијата ги отвора вратите за сите кои го познаваат германскиот јазик нудејќи атрактивна плата, одлични бонуси, но и одличен бонус за добредојде за секој што ќе се приклучи во Teleperformance.
Зборувате германски? Аплицирајте на www.TPSkopje.com и приклучете се на големото семејство на Teleperformance во Македонија!