Како што полека се наближува летото, луѓето забрзано резервираат за сместување, бидејќи сакаат навреме да си обезбедат место.
Традиционално омилена дестинација на повеќето Македонци е секако Грција, поточно Халкидики.
Халкидики е регион кој Македонците го обожаваат, особено местата како Ставрос, Врасна, Паралија и секако Олимпискиот регион, Олимпик Бич, Лептокарија, Неи Пори, но она што се смени сезонава е поскапувањето на туристичките такси, бидејќи тие поскапеа секаде низ Европа, а Грција ја следи Европа. Па така, за хотел со три ѕвездички се наплаќа од ден по три евра за такна односно седум евра четири ѕвезди. Хотел со пет ѕвезди достигнува такса и до 10 евра по лице.
Годинава поскапеа даноците за престој во Грција, исто така, на плажите ќе важат нови правила кога станува збор за просторот за пешкири, лежалки и чадори.
Оваа година Грција очекува рекордна бројка од 35 милиони туристи од целиот свет, а меѓу нив, меѓу најбројните ќе бидат Македонците.