Во денешните динамични работни средини, вработените често се соочуваат со задачи кои се надвор од опсегот на описот на нивните работни места.
Без разлика дали тоа се должи на промена на приоритетите, ограничувања на ресурси или организациско реструктуирање, барањето да се превземат одговорности надвор од нечија дефинирана улога станува сè почеста појава.
Од една страна, овие неочекувани задачи можат да ги прошират вештините на вработените, да ја поттикнат приспособливоста и да поттикнат соработка меѓу тимовите. Од друга страна, тие можат да доведат до чувство на преоптоварување, стрес и потенцијално исцрпување доколку не се управуваат ефикасно. Како поединците одговараат на таквите задачи, може значително да влијае на нивниот професионален раст, задоволството од работата и севкупната ефективност на работното место.
Навигацијата на задачи надвор од работните должности бара деликатна рамнотежа на самоувереност, флексибилност и стратешко размислување. Вработените можеби ќе треба да ја проценат важноста и итноста на новата задача, да преговараат со претпоставените за да се осигураат дека нивните основни одговорности не се занемаруваат и да бараат поддршка или ресурси по потреба.
Направивме анкета на оваа тема во која ги прашавме граѓаните: „Што правите кога ќе добиете задача која не е дел од вашите работни обврски?“, а во истата учествуваа 356 испитаници. Еве ги резултатите:
Најмал процент или 13% од испитаниците, одговориле дека ако имаат време ја завршуваат, во спротивно не.
Нешто повеќе или 16% од анкетираните испитаници на нашиот сајт го одбрале следниот одговор: Ја игнорирам, тоа ниту е моја работа, ниту сум платен/а за тоа. На оваа констатација следи коментар: „Ја извршувам во зависност од тоа дали фирмата повремено ме плаќа повеќе од договореното“.
Процентот на граѓани кои одговориле дека гледаат да ја завршат задачата на време, но им даваат приоритет на нивните тековни обврски е значително повисок, односно 117 од испитаниците (33%). Овде следат неколку коментари од типот: „Не ги игнорирам предизвиците, секогаш се добредојдени да ги совладам“, „Во интерес на работата ќе се потрудам да завршам, но дали тоа ќе го признае работодавачот?“, „Ако е дополнителна работа, треба да се плати дополнително“.
Најголем дел - односно 38% или 135 од испитаниците одговориле дека ја прифаќаат исто како и останатите обврски.
Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Дали активно барате работа?