Oд ЈСП „Скопје“ информираат дека во текот на утрешниот ден жичницата на Водно нема да работи, а дежурни ќе бидат само две билетарници кои ќе работат од 7 до 14 часот
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, утре, на денот на изборите, ќе возат по неделен возен ред, информираат од претпријатието.
Граѓаните кои ќе имаат потреба во текот на утрешниот ден да ги надополнат картичките за јавен превоз, тоа ќе можат да го направат само на билетарницата кај Транспортен центар и во таа во Ѓорче Петров. Овие билетарници ќе работат од 7 до 14 часот.
Oд ЈСП „Скопје“ информираат дека во текот на утрешниот ден жичницата на Водно нема да работи.