Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури се движат од 4 до 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 16 и 27 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до 25 степени.
Утре, среда, времето ќе биде променливо облачно и топло со слаб ветар од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
На 2 мај, Велики четврток, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветар од југозападенен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.
На 3 мај, Велики петок, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.