Познато е дека сите сакаме добро да пазариме, но за малку пари. Затоа, автомобилски експерт ги издвојува петте најдобри возила под 3.000 евра, со кои никогаш не можете да погрешите.
- На оваа листа нема да има дизел, бидејќи верувам дека за тие пари е речиси невозможно да се купи дизел со кој подоцна нема да имате скапи дефекти, инвестиции и проблеми, вели експертот.
На петтото место го смести автомобилот рено меган, со 1,6 бензински мотор, во кој, како што вели, се колнат таксистите.
- Четвртото место го зазема опел корса Д, одличен автомобил, со малку подобра опрема, изгледа одлично, препорака за 1.4 бензинец со 90 коњски сили, продолжува.
На неговата листа третата позиција му припаѓа на фиат гранде пунто за кој вели дека го има во семејството веќе три години и дека е многу добар автомобил. Препораката е за 1,4 бензински мотор со 95 коњски сили.
- На високо второ место е пежо 207, кој е мало-голем автомобил, одличен за низ град, а добро ќе ве послужи и на долги релации. Препорачани мотори се 1,4 и 1,6 бензински мотори, со 75 односно 109 коњски сили, советува експертот.
Првото место, односно златниот медал, според негово мислење, го има автомобилот опел астра К.
- Свежината на изгледот го задржа со своите остри линии, иако поминаа речиси 20 години од неговото претставување. Добар е за возење низ град и за подолги релации. Секогаш ќе најдете мајстори и делови за овој автомобил низ градот. Препораката за моторот е 1,6 бензинец, со 105 или 115 коњски сили, заклучува експертот на својот профил на ТикТок.