Растот на цените на недвижностите, особено на цените на становите кои се изнајмуваат во соседна Србија, предизвикува голем револт кај граѓаните.
Како што пишуваат соседите, некои станоиздавачи се толку арогантни што бараат големи суми дури и за ненаместени станови.
Неодамна реклама за стан го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи, поточно вниманието го привлече неговата цена, која поттикна многумина да коментираат со револт.
- Издавам двособен празен стан од 65 квадрати во населба Степа, спроти факултетот, инаку станот е на прв спрат, до сега функционирал како деловен простор, никогаш не бил користен за домување, цената е 500 евра месечно - се наведува во описот на огласот, кој го пренесува „Курир.рс“.
Корисниците се прашуваа која ќе биде цената доколку станот биде наместен.
- За тие пари паметните земаат кредит од банка и за 20 години имаат свој стан 1/1 - напишал еден корисник.
Имаше и такви кои веруваат дека се уште има такви кои би се согласиле со оваа цена и услови.
- 500 евра за празен стан Па колку ќе беше да беше со работи. Веројатно немате толку на месечна основа. Срамота! - стои во еден од коментарите.