Начинот на кој ги третираме вработените може да има огромни последици за нашиот имиџ во јавноста. Поврзаноста помеѓу работодавачот и вработениот се смета за важен аспект и за потрошувачите. На пример, третманот што работодавците го обезбедуваат на нивните вработени може значително да го подигне, но и да го спушти статусот на одреден бренд. Ова го потврдуваат бројни истражувања, односно статистички податоци, а според Forbes и LinkedIn ова се 7 клучни причини зашто е неопходно да се обрати внимание на брендирањето на работодавачот:
- Половината од трошоците за вработување и обука се намалуваат ако компанијата има одлична репутација.
- 55% од потенцијалните апликанти одлучуваат да не аплицираат на оглас откако прочитале негативни рецензии за тој работодавач.
- Компаниите со лоша репутација во просек имаат 10% поголеми плати за да го надокнадат брендирањето на работодавачот.
- Високите 92% на вработените би сакале да работат во компанија со подобра репутација и да ја напуштат својата моментална работа.
- Три најчести платформи за ширење на гласот за добриот имиџ на работодавачот се веб-страниците (69%), професионалните мрежи и портали (61%) и социјалните мрежи (47%).
- 59% од водечките регрутери работат на зголемено инвестирање во брендирањето на работодавачот и го гледаат како основа на општата HR стратегија на компанијата.
- Откако чуле за лошиот третман на вработените, дури 64% од потрошувачите престанале да купуваат услуги или производи од таа компанија.
Овие податоци можат да ви послужат за освестување на важноста на брендирањето на работодавачот и да започнете со активности со кои ќе избегнете наведените ситуации.