Во Австрија се проширува листата на дефицитарни професии, па така наместо досегашните 27 струки сега новата бројка е 45. Работодавачите очајно бараат работници од земјките кои не се членки на ЕУ.
Како новина ќе се воведе посебен картон за квалификувани клучни работници, кои итно ги бараат домашните компании, но и да се тргнат бирократските пречки како што се неколкугодишно професионално искуство и завршена обука, најмалку 3.078 евра месечна бруто заработка кај работодавачот, долгорочен договор за закуп на престојувалиште итн.
Покрај бројните технички занимања како заварувачи и електроинженери, на пример, се додаваат и готвачи, кои итно се потребни во многу туристички региони. Фалат келнери, сметководители, ѕидари и касапи, итн…
Направивме кратка анализа и појаснување околу чекорите низ кои морате да поминете доколку сакате да најдете работа токму во оваа земја:
1. Пронајдете работодавец
Пред се советувајте се прво да пронајдете работодавач во Австрија кој би можел да ве вработи. Работа најлесно можете да пронајдете преку Интернет, или преку лични контакти. Фокусирајте се на дефицитарните работни места, затоа што тоа сепак ја зголемува веројатноста да добиете дозвола за работа.
Моментално се бараат лица во областа на угостителството – келнери, кувари, помошници во кујна, чистачи и работници за пакување.
2. Обезбедете работна дозвола
За да добиете вработување, морате да поседувате работна дозвола. Станува збор за таканаречена „црвено-бела-црвена карта“ или „Rot-Weiss-Rot-Karte“, за која кандидатот аплицира во Амбасада, откако веќе ќе пронајде работодавач. Потоа се одредува врз основа на неколку критериуми дали ќе ја добиете оваа дозвола, a еден од критериумите е токму потребата за работна сила. Затоа, на пример, нема врска што познавате некој кој има фризерски салон и сака вас да ве вработи во Австрија, доколку на нив не им се потребни фризери, веќе ги имаат доволно во својата земја.
3. Познавање на јазикот
Познавање на германскиот јазик не е неопходно за добивање на оваа дозвола, но е пожелно, и ги зголемува шансите за добивање на дозволата за работа. Критериумите по кои се одредува кој ќе добие „црвено-бела-црвена карта“ се квалификациите, работното искуство, познавањето на јазикот, возраста и студии во Австрија (за висококвалификувани професии).
Оваа карта обезбедува дозвола за работа и престој од времетраење од 12 месеци.
извор: radar.mk