Многумина реагираат на цените на такси услугите во Скопје. Меѓутоа се чини дека сепак меѓу поевтините цени за такси услуги плаќаме токму кај нас, бидејќи во другите земји на Балканот и пошироко, цените се драстично повисоки.
*Цените се изразени во евра
Според податоците на глобалната платформа Numbeo, просечната цена на такси превозот во Загреб е 0,90 евра по километар, вклучувајќи две евра за поаѓање. Во однос на цените за возење, Загреб е најблиску до Љубљана (1,09 евра по километар) и Белград (0,82 евра по километар), при што љубљанските таксисти наплаќаат нешто пониска почетна цена (1,95 евра), а белградските таксисти малку повисока (2 , 30 евра). Загреб има најповолна тарифа за чекање, а таа во просек изнесува седум евра на час. Во Љубљана се плаќа приближно 17 евра, а во Белград 10,24 евра.
Помеѓу набљудуваните градови, најдобри цени се во Скопје, каде за возење ќе платите речиси половина помалку од Загреб. Покрај Скопје, значително поевтини од Загреб се и Подгорица, Варшава и Сараево (од 0,60 до 0,77 евра по километар).
За возење во Будимпешта (1,14 евра по километар) и Прага (1,19 евра по километар) ќе платите малку повеќе отколку во Загреб. Цените се значително повисоки во западноевропските метрополи. Во Берлин просечната цена е 2,36 евра за километар, а во Виена 1,61 евро за километар. Во исто време, тарифите за поаѓање и чекање се неколкукратно повисоки.
На глобално ниво, возењето такси е најскапо во Цирих, каде што ќе платите неверојатни 4,40 по километар со 7,70 евра за почеток. Еден час чекање ќе ве чини астрономски 88 евра.
Од друга страна, најповолно ќе поминете во главниот град на Филипини, Манила, каде за возење ќе платите само 0,23 евра за километар, а еден час чекање ќе ве чини само 2,4 евра.