Бил Гејтс е петтата најбогата личност на светот, но очигледно е дека нема намера тоа засекогаш да биде така.
Коосновачот на компанијата „Microsoft“ пред две години изјавил дека на листата на најбогати луѓе во светот ќе се помести надолу затоа што планира преку својата фондација „Bill & Melinda“ да го донира речиси цело свое богатство.
Според процената на американски „Bloomberg“, неговото богатство моментално вреди 153 милијарди долари.
Делумно, познато е на што ги троши парите овој милијардер:
- Имот во Вашингтон вреден 183,5 милиони долари.
- Авион „Bombardier BD-700 Global Express“ за 19 лица.
- Колекција автомобили за која е познато дека ја сочинува и „Porsche 959“. Всушност неговиот прв автомобил откако го основал „Microsoft“ во1979 година бил исто така „Porsche“, но тогаш бил славниот модел „911“ којшто подоцна го продал на аукција за 80 илјади долари.
- Повеќе недвижнини меѓу кои една во американскиот Национален парк Јелоустоун која ја платил девет милиони долари.
- Инвестициска компанија „Cascade“.
- Суперјахтата „Serene“ долга речиси 134 метри. Изнајмувањето на ова пловило со хелиодром седмично чини пет милиони долари. Меѓу другите, оваа јахта ја посетила Хрватска.
- Хуманитарни цели, на што потрошил десеттина милиони долари.
Бил Гејтс истакнала дека на секое од своите три деца во наследство ќе му остави по десет милиони долари.
Освен по хуманитарната работа, Гејтс е препознатлив и по страста кон тенисот, пренесува „Business Insider“.