Лавина негативни коментари предизвика постот на една анонимна членка во групата „Ѕид на онлајн измама за онлајн страници и купувачи“, кога постираше разговор со администраторка на одредена фејсбук група, која и вели дека ако сака да објави обичен пост во групата, треба да плати две илјади денари за две објави дневно во времетраење од 15 дена.
Коментарите не изостанаа. Луѓето велат дека нормално е да се плаќа за реклами, но за обичен пост е апсурд и дека ова е вистински грабеж. Сите коментари може да ги погледнете тука.