Видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ и овој продолжен викенд на граничниот премин Богородица, за влез во Грција покажуваат голема фреквенција и гужва.
Денеска е Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј и во Македонија е неработен ден, па голем дел од македонските граѓани ги користат трите неработни дена за да заминат во Грција на море, но и во другите соседни земји. Зголемен интензитет е забележан и на ГП Табановце кон соседна Србија.
Гужвите започнаа уште вчера попладне, кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.