Финска со години важи за најсреќна земја во светот, но тоа важи за целото нејзино население, а во која земја живеат најсреќните млади е сосема друга приказна.
За 2024 година, авторите на „Светскиот извештај за среќа“ ги истражија разликите меѓу генерациите и за прв пат објавија извештај за земјите во кои младите се најсреќни.
Се покажа дека младите се многу посреќни во земјите од Централна и Источна Европа и во земјите од Јужна Америка.
Литванија е земјата во која младите помлади од 30 години се најсреќни во светот, на второ место се младите Израелци, а на високо трето место - младите од Србија.
Севкупно, оваа балтичка земја се најде на деветнаесеттото место, но ги надмина нордиските земји како Финска, Исланд и Норвешка во однос на среќата на младите.
Истовремено, интересно е што младите во Литванија се значително посреќни од постарите - во категоријата над 60 години земјата се најде на 44-то место.
Што се однесува до Америка, најдобро место е Костарика (на 11. место), Ел Салвадор е на 17. место. Интересно е и тоа што првите десет се главно европски земји, а Израел е втор.
Хрватска е на 14 место, а Словенија е на 15 место Србија е изненадувачка трета, а Босна и Херцеговина е на 33, додека Унгарија е на 36 место.
Македонија е на 67 место, додека Албанија е веднаш над нас односно го зазема 66 место.