Едно од најновите студии покажа дека „птичјиот мозок“ сепак не е навреда. Имено, утврдено е дека враните гласно можат да избројат до четири.
Станува збор за студија спроведена од тим истражувачи од Лабораторијата за физиологија на животните на германскиот универзитет во Тубинген. Начинот на кој птиците ги препознаваат и реагираат на бројките е сличен на луѓето. Овие наоди, објавени во научното списание Science, го зголемуваат разбирањето на интелигенцијата на врани.
“Луѓето немаат монопол на способности како што се нумеричко расудување, апстракција, правење алатки и планирање. Никој не треба да се чуди што враните се паметни”, вели професорката по биологија на Универзитетот во Масачусетс, Хедер Вилијамс, која не била вклучена во истражувањето.
Способноста за броење во животинското царство не е ограничена само на врани. Шимпанзата можат да бројат и да ја разберат вредноста на бројките. Кога машко шимпанзо се додворува, тој ги брои повиците на другите мажјаци кои исто така се додворуваат. Понатаму, претпоставката е дека мравките можат да ги бројат своите чекори.
Едно германско истражување исто така покажа дека врани, како и децата, можат да научат да ги поврзуваат броевите со вредностите, пишува CNN.