Германската компанија Teleperformance продолжува со вработување на стотици познавачи на германскиот јазик, овојпат нудејќи и до 1 000 евра бонус за добредојде за новите вработени кои ќе се приклучат на компанијата.
Teleperformance, водечка германска компанија за дигитални услуги и корисничка поддршка, ја шири својата дејност низ Македонија и нуди атрактивни можности за вработување и кариера за познавачите на германскиот јазик.
Препознатлив по своите високи стандарди за работа, професионалност и конкурентни плати, Teleperformance оди чекор понапред и на новите вработени кои успешно ќе ја добијат работата, ќе им исплати и неверојатен бонус за добредојде кој достигнува до 1 000 евра.
Условот за вработување и натаму останува да биде германскиот јазик, а да аплицираат може и кандидати од останатите градови во Македонија. За овие кандидати, компанијата нуди можност за работа од дома и бонус за добредојде од 500 евра.
Секој што е заинтересиран да стане дел од оваа компанија, може да аплицира брзо и лесно преку веб страницата www.TPSkopje.com.
Зошто Teleperformance е привлечен работодавач?
Teleperformance има повеќе од 460 канцеларии во над 80 земји во светот, а компанијата е успешна и кај нас, каде по отворањето на канцелариите во Скопје успеа да вработи над 700 вработени. Компанијата располага со ултра модерни канцеларии во срцето на Скопје, а на вработените им овозможува работни услови по германски стандарди.
Teleperformance се издвојува од другите благодарение на своите натпросечни плати и бројните поволности што ги нуди на вработените. Една од најзначајните поволности е можноста за работа од дома за кандидатите од другите градови, притоа обезбедувајќи целосна опрема за работа, договор за вработување од првиот ден и комплетна обука за работното место.
Со ова, Teleperformance ги прави своите работни места достапни за познавачите на германскиот јазик низ целата држава, без оглед на тоа каде живеат и од каде преферираат да работат.
За работата и работните услови
Работната позиција која се нуди е советник за корисничка поддршка, позиција која вклучува давање на професионални и услужно ориентирани совети за клиентите на едни од најпрестижните глобални брендови.
Teleperformance соработува со над 1 000 реномирани компании ширум светот, обезбедувајќи висококвалитетни услуги, а тимот во Македонија е значаен дел од оваа глобална мрежа и придонесува за континуираниот успех на компанијата.
Главниот услов за аплицирање е солидно познавање на германскиот јазик, а ова е одлична можност за оние кои сакаат да ги унапредат своите комуникациски вештини и да го започнат својот пат кон успешна кариера.
Како да аплицираш?
Ако имате познавање на германскиот јазик и барате работа која нуди флексибилност, стабилност и атрактивни финансиски услови, Teleperformance е идеалната опција за вас. Аплицирајте за работа од канцеларија или од дома на www.TPSkopje.com и добијте одлично работно место и до 1 000 евра бонус за добредојде во големото семејство на Teleperformance.