Познатиот саем со стогодишна традиција се сели во Катар.
По 119 години, автосалонот во Женева дефинитивно е затворен. Организаторите на настанот во петокот на Фејсбук објавија дека настанот повеќе нема да се одржува во Швајцарија „поради тековните предизвици во индустријата и конкуренцијата“.
Дојдоа тешки денови за познатиот салон за автомобили од почетокот на пандемијата COVID-19 пред повеќе од четири години. Саемите за 2020, 2021, 2022 и 2023 година се откажани поради коронавирусот.
Кога повторно се одржа Саемот за автомобили во Женева на почетокот на 2024 година, учествуваа само неколку производители на автомобили.
Во меѓувреме, организаторите започнаа дополнителна изложба во Катар во 2023 година, која ќе продолжи наместо саемот за автомобили во Женева. Следниот ќе се одржи во ноември 2025 година.
Женева беше домаќин на првиот автомобилски саем во далечната 1905 година. На овој важен настан дебитираа многу легендарни модели од последните сто години.