Според анализите на Платформа за сиромаштија, две третини од населението во Македонија е во енергетска сиромаштија. Граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат на алтернативни начини да ја намалат сметката за струја.
Примателите на гарантиран минимален приход добиваат субвенција за струја само во зимските месеци, меѓутоа во летните месеци веројатно останува да се ладат во ЈСП автобусите во Скопје или во моловите. Тоа се единствените климатизирани места каде што можат бесплатно да се оладат, изјави денеска Билјана Дуковска од Платформа за сиромаштија.