Литванците се најсреќни во светот. Литванија се најде на првото место во годинашниот Светски извештај за среќа за лицата под 30 години. Младите се оценија себеси со 7,76 од можни 10 на скалата на среќата, што е доста пред Британија и САД, кои се на 32. и 62. место на оваа листа.
Литванија за денешните млади е многу поинаква од онаа во која пораснале нивните родители. Минатата година просечната бруто-заработка во земјата се зголеми за 12,6 отсто, а 57 отсто од населението има високо образование. Просекот во ЕУ е 43 проценти.
23-годишната режисерка Симона Јуркувенајт рече дека е пресреќна што добила 21.000 евра од литванската влада за да го режира нејзиниот дебитантски краток филм за тинејџерите во земјата.
„Во Светскиот извештај за среќата се намалува јазот помеѓу Источна и Западна Европа во однос на нивното просечно задоволство од животот. Како што тој јаз се намали, сега младите се значително посреќни во Централна и Источна Европа отколку постарата генерација“, вели професорот Џон Хеливел.
Зградата на поранешниот затвор Лукишкеш, изградена во 1905, сега е претворена во комплекс студија за уметници и концертни сали.