Учениците во основните училишта во земјава денеска и утре со скратени часови бидејќи наставата се одржува во услови на топлотен бран невообичаен за овој дел од годината.
До крајот на учебната година им останаа уште три работни дена.
Скратената настава е одговор на барањето на родителите кои реагираа дека во училиштата нема услови за работа и повикаа годинава порано да се заврши со наставата.
Од Министерството за образование и наука претходно информираа дека не може да се стави крај на учебната година бидејќи со закон е пропишано таа да трае 180 дена и повикаа граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита од топлото време кои се согласни со оние на Центрите за јавно здравје.
Оваа учебна година основците и средношколците за прв пат имаа пролетен распуст кој траеше од 26-ти април до 6-ти мај.
Поради тоа и крајот на учебната година се пролонгира до 17-ти јуни.