Поради интервенција на водоводната мрежа една скопска улица рано изутрина ќе остане без вода.
Од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ информираат дека поради интервенција на водоводна мрежа на улицата „Франклин Рузвелт“ (кај Такси Вардар), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на истата улица, на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Орце Николов“.
Прекинот на водоснабдување ќе биде во периодот од 06:30 часот до 08:30 часот.