Кој има помала или најмала плата во Македонија? Кои дејности се најмалку платените и најизбегнуваните?
Како што веќе Фактор објави, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година достигнала 41.085 денари, согласно последните податоци на Државниот завод за статистика.
Податоците кои ги објавува ДЗС покажуваат дека убедливо најниски плати во април примиле работниците во секоторот заштитни и истражни дејности кои спаѓаат во категорија административни и помошни дејности и кои добиваат плата која е благо над минималецот во земајва.
Во групата пет најниски плати во земјава се и текстилците, работниците задолжени за кожна обработка, или пак за одржување згради.
- Заштитни и истражни дејности 22.397
- Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата 26.019
- Рибарство и аквакултура 26.076
- Производство на облека 27.366
- Производство на кожа и слични производи од кожа 27.422
Според бројките на ДЗС, меѓу слабо платените работници се и работниците кои вадат кокс, но и оние кои се во угостителскиот сектор и кои се задолжени за подготовка или служење храна. Дури и ветеринарите и производителите на мебел се во групата работници со најниски пимање.
- Производство на кокс и рафинирани нафтени производи 27.626
- Дејности за подготовка на оброци и служење на храна 28.396
- Ветеринарни дејности 28.491
- Производство на мебел 28.812
- Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал 29.210 денари.