Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината
А1 Македонија и оваа сезона ги отвора вратите за најдобрите студенти за програмата A1 WayUp, кои добиваат исклучителна можност својата кариера да ја градат во една од следниве области: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.
A1 WayUp е препознатлива програма што нуди одлична можност за младите да започнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите што ќе станат дел од тимот на А1, ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици.
Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, а официјално започнува на 1 октомври.
Oд денес до 28.7.2024 г. отворени се апликациите, а сите заинтересирани може да пратат кратка биографија и да се пријават за една од позициите предвидени во програмата.
Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’24.