После повеќе од две години подготовки и изведба, Киел Македонија конечно доби нов и современ производствен објект од 7.500 m2. Неспорниот труд на целокупниот кадар кој во моментот брои 180 вработени се исплатеше.
На свеченоста по повод официјалниот старт со работа на новиот објект присуствуваа идниот Премиер и високи претставници на новата влада, сопствениците и највисокиот менаџмент на германската групација, претседатели на комори, како и директорите на зоните и многу соработници и партнери на компанијата од земјата и странство.
Со искусен и посветен тим, компанијата работи на постојано усовршување и развој за да го подобри квалитетот на производите. Компанија е посветена на испорака на најдобрите производи и услуги на своите клиенти како Ванхол, Штадлер, Сименс и Алстом.
Во моментот Киел Македонија работи во делот на сечење, шиење, тапацирање и монтажа, а во новата фабрика делот на производството ќе се збогати и со делот на заварување и фарбара.
Во ТИРЗ зоната во Тетово компанијата има уште два плаца кои ги смета за своја иднина и гаранција за понатамошен раст во Македонија, а за што се подготвени вредно да работат со очекување на зголемување на сегашниот капацитет. Тоа ќе придонесе Киел како компанија која постои повеќе од 75 години во 8 земји, да го задржи приматот на најголем производител на седишта за возови и автобуси во Европа.