Архипелагот Мадалена покрај брегот на Сардинија, Италија е дом на голем број прекрасни плажи.
Кала Котичо на североисточниот брег на островот Капрера во Тиренското Море е еден таков магичен бисер.
Малата, но прекрасна плажа со ситен бел песок е составен дел од Националниот парк Ла Мадалена и е совршено место за капење и нуркање во летните месеци.
Плажата е опкружена со прекрасно тиркизно море, карпи и медитеранска вегетација и е скриена од љубопитните очи. Поради својот магичен изглед, многумина ја споредуваат со рајските плажи на Тахити во Француска Полинезија.
Интересно е што во последно време бројот на луѓе кои може да ја посетат Кала Котичо во еден ден е ограничен на 60, а местото треба однапред да се резервира со локален водич.
Луѓето фатени на плажа без водич може да бидат казнети.
Да потсетиме, Италијанците ги заострија правилата за да го спречат уништувањето на природните убавини на Сардинија и околните острови во екот на туристичката сезона.