На социјалната мрежа Инстаграм се појави објава со цените на три прехранбени производи, ориз, маслиново масло и чоколадо, во црногорски маркет на што корисниците на мрежата не останаа рамнодушни.
Имено, килограм бел ориз чини 6 евра, што е 369 денари. Потоа, на следната фотографија се гледа дека цената на 300гр чоколадо е 8,25 евра или 492 денари.
Литар маслиново масло (класично) чини 38,75 евра, што во денари вреди повеќе од 2338 денари, до половина литар таканаречено екстра девствено маслиново масло чини околу 27 евра.
Многу корисници на популарната платформа беа шокирани од објавата и дадоа различни, главно хумористични коментари, а ова се некои од нив: „Не е важно, ориз ќе посадам во мојата градина“ или „Што јадевме, јадевме“.