Сезоната на летувања е веќе почната, па голем број наши сонародници патуваат кај јужниот сосед, на одмор, викенд или краток престој за шопинг. Секогаш се препорачува почитување на сообраќајните прописи, зошто така ќе избегнете евентулано казнување од сообраќајната полиција.
Освен за возење под дејство н аалкохол, погрешно паркирање, возење во папучи, престигнување на полна линија итн.. има уште една интересна ситуација во која можете да бидете казнети.
Таканареченото „блиндирање“ што означува предупредувањето на другите возачи е казнуво.
Според член 36 од Кодексот за патен сообраќај, при средба со возило од спротивна насока, палењето и гасењето на светлата или нивното наизменично користење е забрането на кратки временски периоди. Казната доколку ве забележат како им „блиндирате“ на други возачи е 80 евра.
Иако оваа практика веќе не е толку популарна затоа што се повеќе возачи ги користат социјалните мрежи за информирање, а сообраќајната полиција ги следи трендовите, па и за тоа има казни:
Доколку возачот ја открие локацијата на полициската контрола на социјалните мрежи или која било друга дигитална апликација, овој потег ќе резултира со парична казна од 600 до 30.000 евра.
Висината на казната зависи од видот на полициската акција, така што трепкањето ќе резултира со релативно мала парична казна. Меѓутоа, доколку полициската акција е насочена кон контрола на употребата на алкохол и дрога и некој ја објави локацијата, може да се изречат големи казни.
Во случај возачот, покрај информации, да објави и фотографија од полициска проверка на социјалните мрежи, постои ризик да му биде одземена возачката дозвола за период до 2 години.