Оглас објавен од страна на образовна институција во Хрватска ја запали јавноста бидејќи еден од условите за аплицирање е поседување на 28 години работно искуство
Покрај мноштвото објавени огласи на страницата на Хрватскиот завод за вработување во очите на јавноста падна еден оглас објавен во Риека.
Имено, станува збор за оглас за вработување на секретар или секретарка во Установа за средношколско образование, оспособување и усовршување, но под еден невообичаен услов.
Необично
На прв поглед, огласот изгледа како секој друг оглас за секретарка или секретар каде што од кандидатите се бара да исполнат потребни услови поврзани со вештините и знаењата, меѓутоа во полето за потребно работно искуство е наведено дека кандидатот мора да поседува ни помалку ни повеќе од 28 години работно искуство.
Огласувачот за хрватски Novi list тврди дека огласот не е наместен, туку напротив, веродостоен и отворен за секој што сака да се пријави.
Замислете, за секретарка со средно образование се потребни 28 години работно искуство.