До крајот на оваа година граѓаните на Србија ќе добиваат СМС предупредувања за невреме на ниво на оштина или дел од територијата.
Според помошник директорот на српскиот хидрометеоролошки завод Горан Михајловиќ, СМС предупредувањата ќе бидат испратени преку „дефиниран систем за предупредување од катастрофи во наредниот период“.
Михајловиќ додаде дека предупредувањето ќе биде дефинирано „на ниво на општина, област или дел од територијата“.
-Доколку се очекуваат временски непогоди во западна Србија, граѓаните во другите делови на земјата нема да добијат порака со такво предупредување, рече тој.