Новинарите на германскиот магазин Auto Bild составија листа на половни автомобили до 5.000 евра кои се најсигурни во однос на дефектите и издржливоста.
Alfa Romeo GT, 2003 – 2006 година, моќност од 140 до 240 КС – 2.500 евра
Можете да најдете модели како овој со километража под 200.000 и се доста достапни. Моделот Alfa GT со две врати, создаден на платформата на моделот 156, е веројатно најелегантниот автомобил од својата класа во овој ценовен опсег, пишува Auto Bild.
Колку подоцна годината на производство, толку подобро, бидејќи првично неквалитетната изработка подоцна беше поправена. Може да имате проблеми со цревото помеѓу турбополначот и интеркулерот на моделот JTD бидејќи треба често да се заменува. Исто така, треба да се избегнува озлогласениот менувач Selespeed.
Барате работа како ДИСТРИБУТЕР?
Вработуваме низ цела Македонија!
Kia Picanto, 2004 – 2011 година, моќност од 65 до 75 КС – од 1.300 евра
ESP беше воведен на автомобилот само со фејслифтот во 2008 година. Сепак, безбедносната електроника не беше стандардна, затоа проверете дали ESP е навистина вклучен при купувањето.
Ќе задоволи и со својата потрошувачка која не надминува шест литри. Внимавајте на корозија и може да има дополнителни трошоци при менување на комплетот на куплунгот.
Audi A2, 1999 – 2005 година, моќност од 61 до 110 КС – 2.500 евра
Овој мал автомобил со целосно алуминиумска конструкција е повеќе баран по фејслифтот во 2003 година со моќен дизел (90 КС). Тој нуди пристоен комфор, а моторите се многу економични.
Обрнете најмногу внимание на сопирачките и суспензијата. Освен тоа, квалитетот на градбата е солиден. За просечна цена од 3.000 евра се добива А2 со 200.000 км, кој сепак е стар околу 20 години. Цените на резервните делови може да бидат високи.
Honda Jazz, 2008 – 2015 година, моќност од 80 до 120 КС – 4.000 евра
На многу тестови на половни возила со поминати 100.000 км доби највисоки оценки.
Хондите традиционално се мудар избор кога купувате користен автомобил поради нивната долговечност, но треба да проверите дали корозијата влијаела на суспензијата на автомобилот, а задните сопирачки понекогаш може да предизвикаат проблеми.
Skoda Roomster, 2006 – 2015 година, моќност од 64 до 105 КС. – 2.000-2.500 евра
Има компактни димензии, економичен е и нуди многу простор во задниот дел.
Најдобро е да се избере атмосферска од 1,6 литри со забест ремен, што би било добро да се провери по 90 илјади километри. Сопствениците на користени модели повремено пријавуваат зголемена потрошувачка на масло.