Од полноќ патарините во Србија поскапеа за 10 отсто, според новиот ценовник на Патишта на Србија.
Новата патарина од Белград до Ниш ќе биде 1.130 динари(9,65 евра), а од Белград до Димитровград 1.670 динари(14,28 евра).
Патарината на релација Белград – Суботица е 800 динари(6,84 евра), а од Белград до Шид 500 динари.
Од Обреновац до Прељина новата патарина е 560 динари(4,79 евра).
Ако одите од Белград до Врбас ќе платите 470 динари(4,02 евра), а од Белград до Баточина 500(4,27 евра).
Од Патишта на Србија велат дека корисниците на електронска наплата, како и досега, ќе имаат попуст од шест проценти, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 проценти.
Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ најави формирање компанија за наплата, бидејќи отсега патарина ќе се наплаќа и на брзите патишта.