![Паркирани возила оневозможуваат екипи на итните служби да влезат по улиците во стариот дел](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f9/b70d7d9f-resize-820x0x100.jpg)
Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во стариот дел на Охрид. Според фотографиите што ги објавија од Територијалната противпожарна единица – Охрид, станува збор за паркирани возила на несоодветни места.
– Проблемот е доста комплексен и првично треба да проработи свеста кај секој од нас поединечно. Стариот дел на градот е од исклучителна важност со оглед на тоа што поседуваме културно-историски споменици од непроценливо значење. Опасноста од блоковски пожари на овој потег е голема, имајќи ги предвид збиеноста на објектите, неможноста за брзо и ефикасно интервенирање и слично – велат од ТППЕ Охрид – Пожарна.