Според некои проценки, пешачењето само 21 минута секој ден може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 30 отсто, известува „Harvard Health“.
Покрај тоа, лесното одење го намалува ризикот од дијабетес, го намалува крвниот притисок и холестеролот. Покрај сите овие предности, пешачењето е бесплатно, а за овој „тренинг“ не ви е потребна ни специјална опрема.
Би можело да ве интересира: Кардиолог откри која вежба е најдобра за здравјето на срцето
„Пешачењето е совршена форма на вежбање што ја намалува смртноста од кардиоваскуларни болести и често е во корелација со други здрави навики и однесувања“, вели д-р Тамана Синг од Клиниката во Кливленд.
Со пешачење ќе ги поништите сите негативни последици од седењето по цел ден, а доколку не можете да ги издвоите ни тие 21 минута, уште пократките прошетки се исплатливи кога е здравјето во прашање.