За една деценија просечната плата во земјава пораснала за 91%, но македонскиот работник останува меѓу најмалку платените во регионот. За сериозен раст на платите е потребен раст на економијата и на продуктивноста.
Во последните неколку години платите за прв пат имаат посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство.
Додека статистиката мери раст на просечните примања експертите предупредуваат дека тој е неодржлив на долг рок.
За реално да пораснат платите мора да порасне економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска логика – продуктивноста се пресметува по формулата сооднос меѓу Бруто домашниот производ и бројот на вработени.
Во потрага сте по МЕНАЏЕРСКА ПОЗИЦИЈА?
Освен ниската продуктивност ограничувачки фактор за раст на платите сеуште е и високата стапката на невработеност.
Сепак, ова полека се менува. Работодавачите до неодамна едноставно штедеа на работниците бидејќи сметаа дека лесно може да ги заменат. Ова е се помалку застапено, компаниите сфатија дека е тешко да најдат и да задржат добар работник, особено квалификуван. Натамошниот пад на невработеноста ќе резултира и со раст на просечната плата.
Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 91%.
Просечната плата во мај 2014-та била 21.483 денари, а со денешната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во мај 2024 изнесува 41.085 денари(668 евра).
И покрај континуираниот раст, Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа според висината на просечната плата.
Подобро од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 825 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 707 евра, во Црна Гора 825, во Хрватска 1.324 и во Словенија 1.480 евра месечно.