Хрватскиот туризам веќе извесно време се соочува со голем број предизвици кои негативно се одразуваат на неговиот развој и углед.
Покрај стратешките проблеми како што се немањето основен развоен план и непочитувањето на законските прописи, има и секојдневни проблеми со кои се соочуваат туристите и локалните жители.
Еден таков проблем е волјата на поединци кои ги присвојуваат и оградуваат јавните плажи, со што го прекршуваат законот и го загрозуваат слободниот пристап до брегот. Овој проблем е особено изразен во текот на летните месеци кога се присутни најголем број туристи. Но, неодамна се појави уште еден проблем, а тој е поврзан со сместувањето.
Пример кој неодамна се прошири на социјалните мрежи вклучува изнајмен стан во Паг кој бил валкан и запоставен, а туристите при влегувањето во станот пронашле бизарен „ценовник на уништени работи“. Ваквите случаи покажуваат сериозни недостатоци во стандардите и контролата на квалитетот на туристичките капацитети.
Имено, во „ценовникот“ стои дека доколку ја вклучите климата без знаење на сопственикот, ќе ви се наплатат 150 евра.
Останатите ставки од овој „ценовник“ можеби се дискутабилни бидејќи цените се произволно одредени, но сопствениците имаат право на тоа. Факт е дека речиси секојдневно сме сведоци на вести за инцидентно однесување или уништување на станови, пренесува Јутарњи лист.
Ваквите инциденти не само што негативно влијаат на искуството на туристите, туку и на угледот на Хрватска како туристичка дестинација. Негативните коментари и критики брзо се шират преку социјалните мрежи, што може да ги одврати идните посетители, пишува хрветскиот медиум.