За прв пат после повеќе години, божиќните декорации се појавија во преградието Дамаск кое беше линија на фронтот во сириската војна додека владините сили не ги отстранија и преостанатите последни бунтовнички енклави во престолнината на почетокот на оваа година.
"Подготовките за Божиќ оваа година се повеќе од одлични. Нема повеќе гранати", вели Хана ал-Сад, сопственичката на продавница во квартот Каса кој често бил гранатиран од соседната област Џобар.
Плоштадот Абисијен, каде секојдневно паѓале гранати е украсен со сијалички и божиќни елки, додека музичарите се подготвуваат за божиќниот марш каков што не е виден со години.
"Пресреќни сме. Децата сега можат повторно да одат во црква без да се грижат за својата безбедност, а нивните родители се чувствуваат помирно", вели Алин Друби.
Жителите во квартот Каса Абир Исмаил се сеќаваат дека минатата година во ова време не смееле да се движат по улици.
"Немавме ниту струја, а камоли божиќни декорации", вели таа, изразувајќи го задоволството поради украсените улици и куќи оваа година.
Источниот дел на Дамаск беше на удар на бунтовничките гранати додека владините сили не ја вратиле контролата над регионот Гута за време на офанзивата со поддршка на Русија.
извор: tocka.com.mk