Станува збор за вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТсистем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенската и на одбранбената индустрија.
Групацијата исто така важи за блиска до унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Имено, мнозинскиот удел преку холдинг компанија „Опус глобал“ во 2018 година, го стекна унгарски олигарх и пријател на Орбан, Лоринц Месарош.
Холдинг компанијата „Опус глобал“, има големо деловно портфолио од туризам, земјоделство, индустрија до енергија.
Месарош го продаде мнозинскиот удел на својот деловен партнер Гелерт Јасаи, кој беше шеф на „Конзум“, компанија која подоцна се спои со „Опус“.
Во 2022 година, Групацијата се прошири и на пазарот на Западен Балкан.
Под брендот ONE, подружниците на 4iG на Западен Балкан стана водечки бренд на пазарот на 5Г мобилни услуги во Црна Гора, а ОNE – Албанија, формирана преку консолидирање на албанските телекомуникациски компании, станува значаен телекомуникациски провајдер во земјата.