На плажа во Бугарија е воведено ново правило кое ги налути многумина. Имено, како што објавија луѓе од местото на настанот на социјалните мрежи, една плажа во Бугарија е поделена на две – онаа на која е дозволено присуство на деца и онаа каде не е.
На една од плажите е забрането влегување со деца, што ги налути прво сите родители, а потоа и сите останати.
Како што можете да видите, на плажата јасно е означено каде им е дозволен пристап на децата, а каде не. Ова правило наиде на бројни реакции, како кај оние кои го оправдуваат овој потег, така и кај оние кои се налутија од него.
Сосема оправдано, зошто некој би ме слушал како му викам на син ми. А во исто време ни пречеше чадот од нивните цигари и можеби прегласната музика, напиша еден корисник на социјалните мрежи.