Усвоени се измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување со што се намалуваат нотарските и извршителските трошоци за граѓаните.
„Обезбедивме значително финансиско олеснување за сите граѓани на Република Македонија, за оние кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најранливите сограѓани. Законите обврзуваат на донесување на нови тарифи со кои ќе се укинат 16 тарифни ставки“, рече Снежана Калеска–Ванчева.
Таа појасни дека во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци се ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари. Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.
skopje24.com.mk