БОНУС ЗА ДОБРЕДОЈДЕ НА НОВИ ВРАБОТЕНИ, запознај ги бенефитите за вработување и стани дел од новиот поразличен и иновативен систем за вработување, работа и кариерен развој, еден нов начин за стекнување на искуство и знаење, унапредување на вештините на кандидатите со или без работно искуство, како и развој на кариерата за постоечките вработени со разни програми и проекти поддржани од Човечки Ресурси.
Станете дел од Клубот МЛАДИНА! Уникатноста на овој концепт, платформа ЗегИН Младина се одликува со учење и воведување во работата од страна на успешен и професионален тим, стекнување со дополнителни знаења, надоградување на вештините преку најразлични обуки и тренинзи, забавно учење на работниот материјал и наградување на најдобрите вработени со патувањe, а воведувањето на Бонусот за Добредојде дополнително е само признание за искуството и знаењето кој го препознаваме во кандидатите, наш иден потенцијал за успех кој се препознава и признава. Сите новитети на компанијата кои се насочени кон новите и сите постоечки вработени, не се еднократен поттик, туку одраз на благодарноста на Зегин за вештините, експертизата и посветеноста на членовите во компанијата.
Биди член на Зегин - Биди ИН, аплицирај, учи, реализирај, патувај.
Охрабри се за новиот СТАРТ во нова авантура во кариерата!
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, и поседувате професионални компетенции за успешно да работите на отворените работни позиции, Ве покануваме да испратете кратка биографија на македонски јазик со аплицирање на отворените огласи Фармацевт со лиценца - Скопје и Магационер преку полето Аплицирај.
За постојано да бидете во тек со сите новости кои се случуваат во компанијата Зегин, а се насочени кон вработените, следете ги на социјалните мрежи Facebook – Зегин Кариера, Instagram – Zegin Kariera, - LinkedIN – ЗЕГИН Ваша Семејна Аптека, - Корпоративна веб страна - https://zeginkariera.mk