Владата на Хрватска донесе нов закон со кој се регулира изгледот на фасадите на зградите и конкретно се решава прашањето за надворешните климатски единици. Новиот закон предвидува драконски казни, па оние ија клима ќе се гледа од улица, ќе платат казна до пет и пол илјади евра.
Граѓаните се со поделени мислења. Додека едни мислат дека тоа е проблем на градот и дека на зградите со тераси надворешните единици не мора да ја оштетуваат фасадата туку можат да се сокријат на терасите, други велат дека климите се неопходно зло и дека многу луѓето немаат каде да ги стават освен на фасадите.
– Зградите навистина ни изгледаат како катастрофа. Секако дека уште повеќе се истакнува колоритноста со климата, но не е едноставно. Тие што ги поставиле старите климатизери можеби ќе треба да ги сменат и цевките – изјави претставник на станарите.
Клима уредите останаа дури и во зградите што беа подложени на енергетско реновирање. Најголем дел од зградите се запуштени, а законот стапува на сила од новата година. Сепак, тој нема да се применува ретроактивно иако непослушните станари или изведувачи би можеле да платат високи казни.
– Оној што сега поставува клима на делот од фасадата што се гледа од улица, тој изведувач може да биде казнет од 5.000 до 10.000 евра, како и косопственикот на зградата од 1.000 до 5.000 евра – рече Жељко Улир, државен секретар на Министерството за градежништво.
Покрај клима уредите, дел од новиот Закон за управување со згради е и последователно пренаменување на просторот, како што е затворање на тераси или лоѓии.
За почитување на законот заедно со инспекторите за ред ќе бидат задолжени и комуналните редари.