Дивите таксисти го преплавија Скопје откако јавниот превоз речиси колабираше. Граѓаните по долгите чекања на автобуските станици се решеваат да влезат во прво такси кое ќе им дојде, а тоа е најчесто нелегално. Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници, вели дека аларментен е бројот на нелегални такси превозници.
Поради преголемиот број на повици кон легалните такси компании тие не се во можност да им излезат во пресрет на граѓаните кои се принудени да ги користат овие нелиценцирани такси возила. Секако ваквото возење не остава последици па така наместо стандардната цена од 150-200 денари граѓаните плаќаат по 400-500 денари.
Рајчановски апелира Град Скопје да преземе брза акција. Тој сугерира дека градоначалникот би можел да го реши проблемот со насочување на сообраќајните инспектори да ги спроведуваат прописите. Според Рајчановски, за ова решение не се потребни дополнителни средства.
Спроед Групацијата на авто-такси превозници алармантен е односот помеѓу дивите и легалните такси возила. Од таму предупредуваат дека ако не се реши ова во брзо време тогаш организираната такси служба може целосно да исчезне.