Во првите три месеци од годинава од Германија се протерани 483 македонски државјани. Соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Податоците велат дека во првиот квартал од годинава од Германија во земјава депортирани се 483 граѓани. Лани пак бројот на граѓани од земјава кои престојувале или работеле во најсилната европска економија изнесува 1177 македонски граѓани.
Германските власти освен македонски државјани во последниве неколку години депортирале најмногу граѓани од Турција, Албанија, Србија, Авганистан и Сирија.