За речиси 200 отсто е зголемен патниот товарен сообраќај во првиот квартал лани во однос на истиот период годинава. Податоците на Државниот завод за статистика велат дека има шест отсто зголемување на железничкиот товарен сообраќај и 135 отсто зголемување кај авио каргото. Во првото тромесечие од 2024 година забележан е раст на превезените патници, но е зголемена и количината на стока која се транспортира од едно на друго место.
Податоците од најновиот извештај на Државниот завод за статистика покажуваат дека има зголемување на патниците кои патуваат со автобус низ земјава, но се намалува бројот на патници кои автобусот го користеле за патување надвор од Македонија. Намалување има кај патниците кои користеле автобус во градскиот и приградскиот превоз. Драстично зголемување има кај граѓаните кои користеле авионски превоз во првите три месеци од годинава во однос на истиот период лани.
Во однос на превезената стока, во првиот квартал има значително зголемување на количината во однос на истиот период. Имено, ако во првите три месеци биле превезени по патен сообраќај 13 и пол илјади тони, годинава во истиот период таа бројка изнесува 24 и пол илјади тони превезена стока. Статистичарите забалежале минимален раст кај превозот на стока кај железничкиот превоз од само десетина илјади тони, но и поголем раст на превозот на стоки кај авио превозот, односно каргото.
Во првото тримесечје од 2024 година, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 81.7%, во железничкиот превоз за 6.2%, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 35.4%.“ стои во соопштението на ДЗС.
Од јануари до крајот на март, 918 илјади граѓани користеле патнички превоз во земјава а во однос на истиот период лани има зголемување од 19 илади патници. Според податоците, домашен патнички транспорт користеле 849 илјади граѓани, а во првото тромесечие лани имало 797 илјади продадени билети. Намалување има кај меѓународниот сообраќај, од 102 илјади лани во првото тромесечие, годинава биле превезени само 69 илјади патници. Драстично намалување има кај користењето на железничкиот сообраќај, и тоа ако лани во првите три месеци биле превезени 102 илјади патници, годинава во истиот период се превезле само 42 илјади патници. И сите патници се возеле со воз само низ државава, бидејќи немаме меѓународни линии. За 130 отсто е зголемен воздушниот сообраќај лани во првите три месеци во однос на истиот период лани. Ако во првото тромесечие во 2023 година со авион патувале 493 илајди патници од двата македонски аеродроми, годинава во првите три месеци тоа го сториле 640 илјади патници.
„Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 918 илјади, во градско-приградскиот превоз 9.848 илјади, во железничкиот превоз 42 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 640.165.“ се наведува во извештајот на ДЗС.
Една од главните проблематики кога станува збор транспортот во земјава, секако во последниот период го имаат граѓаните на главниот град кои се соочуваат со многу главоболки кога станува збор за автобускиот превоз. Градските власти и советот никако да изнајдат решение за надминување на актуелните проблеми.